Сметководител

Скопје, MKFull-timePosted Oct 1, 2026

Job description

BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и САД. Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција.

Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата. Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија игра клучна улога во секторот малопродажба. Со цел зајакнување на секторот финансии и сметководство, бараме организирана, аналитична и одговорна личност, за позицијата СМЕТКОВОДИТЕЛ Цел на работното место Обезбедување навремено, точно и законски усогласено сметководствено евидентирање на деловните настани, обработка и контрола на сметководствената документација, како и подготовка на податоци потребни за финансиско известување, во согласност со законската регулатива, сметководствените стандарди и интерните политики на компанијата.

Работни задачи и одговорности : Прием, проверка, евидентирање и книжење на влезни фактури за трошоци и услуги. Контрола на исправноста и комплетноста на документацијата. Распределба на трошоци по деловни единици и трошковни места. Комуникација со добавувачи и интерни оддели за обезбедување точна и навремена документација.

Обработка и книжење на девизни фактури и увозна документација. Книжење на царински трошоци, ДДВ од увоз, транспортни и шпедитерски трошоци. Следење на усогласеноста помеѓу сметководствената и царинската документација. Книжење и усогласување на денарски и девизни банкарски изводи. Евидентирање на уплати, исплати, камати, провизии и останати финансиски трансакции.

Усогласување и затворање на отворени ставки. Следење и книжење на движењето на залихите. Контрола на магацинска документација, трансфери, консигнации и нивелации. Анализа и решавање на утврдени разлики во залихите. Евидентирање и следење на основни средства и ситен инвентар. Книжење на набавки, продажби, отписи и амортизација.

Обезбедување усогласеност со законската регулатива и интерните процедури. Подготовка на резервации, курсни разлики и останати сметководствени пресметки. Усогласување на биланси и салда со поткрепувачка документација. Учество во месечни и годишни финансиски затворања. Подготовка на редовни и ad hoc извештаи и анализи за потребите на менаџментот.

Соработка со банки, добавувачи, шпедитери, царински застапници и останати деловни партнери. Обезбедување навремена размена на информации и документација. Потребни квалификации : Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област. Минимум 3 години работно искуство во сметководство, пожелно во големи организации.

Одлично познавање на MS Excel и MS Office пакетот. Познавање на ERP системи и сметководствен софтвер. Основно познавање на англиски јазик. Познавање на сметководствени принципи и финансиска документација. Познавање на Законот за сметководство, Законот за ДДВ и останатата релевантна финансиска регулатива. Што очекуваме од Вас?

Одговорност и прецизност во работењето Аналитички пристап и внимание кон детали Проактивност и иницијативност Способност за работа во динамична средина и управување со рокови Одлични комуникациски и тимски вештини Подготвеност за континуирано учење и професионален развој Зошто Нептун? Во Нептун ќе работите во стабилна и успешна компанија, во професионален тим кој ги вреднува знаењето, посветеноста и иницијативноста.

Нудиме можности за професионален развој, работа со современи деловни процеси и активно учество во унапредувањето на финансиските и сметководствените практики на компанијата. Доколку се препознавате во оваа улога, аплицирајте до 11.10.2026 и станете дел од тимот на Нептун!

Description copied from Neptun Macedonia's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at Neptun Macedonia

See all openings at Neptun Macedonia

Сметководител jobs at other companies