MaxBet logo
MaxBet

61 open roles

Административен асистент

Skopje Municipality, MacedoniaFull-timePosted Aug 6, 2026

Job description

Максбет Групацијата веќе 30 години приредува игри на среќа во Србија и регионот. Како дел од Flutter International Групацијата, глобален лидер во областа на спортското обложување, игри и забава, на нашите играчи им пружаме врвно искуство на преку 300 локации во Србија, Босна, Црна Гора и Македонија, a воедно го одржуваме принципот на одговорно обложување.

Затоа што нашите вработени ја споделуваат нашата мисија, тие се нашата најголема вредност. Бараме енергична и одговорна личност, која сака да држи сé под контрола и да биде двигател на добрата организација во канцеларискиот простор. Ако си комуникативна личност и сакаш разновидни работни задачи, ова е вистинска можност за тебе!

Назив на позицијата: Административен асистент Локација: Скопје Requirements Твојата улога:

  • Пречек, прием и насочување на странки и посетители.
  • Примање, испраќање и архивирање на документација и пошта.
  • Водење административна евиденција, записници од состаноци и подготовка на потребната документација.
  • Комуникација со институции, добавувачи и деловни соработници.
  • Организација на канцелариското работење и набавка на канцелариски материјал.
  • Мониторинг и координација на законски пропишаните административни обврски поврзани со ППА и БЗР.
  • Административна поддршка на вработените во сите тимови. Што очекуваме:
  • ССС во траење од 4 години, сите насоки
  • Напредно познавање на работа на компјутер
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорност, организираност и навремено извршување на работните задачи
  • Benefits Што нудиме:
  • Динамична работа во стабилна и растечка компанија.
  • Работа во тим кој игра како едно.
  • Слободен ден за роденден.
  • Подароци и внимание за важни животни настани.
  • Поддршка за здрав живот и спортски активности.
  • Можност за професионален развој и усовршување.
  • Бонус за препорака на нови вработени. Ако сакаш работа каде што ќе решаваш предизвици, ќе бидеш во движење и ќе правиш реално влијание – аплицирај и стани дел од Максбет тимот.

Description copied from MaxBet's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at MaxBet

See all openings at MaxBet

More jobs in Macedonia

See all jobs in United States