61 open roles
Специјалист за маркетинг
Job description
Макс Бет Групацијата веќе 30 години приредува игри на среќа во Србија и регионот. Како дел од Flutter International Групацијата, глобален лидер во областа на спортското обложување, игри и забава, на нашите играчи им пружаме врвно искуство на преку 300 локации во Србија, Босна, Црна Гора и Македонија. Затоа што нашите вработени ја споделуваат нашата мисија, тие се нашата најголема вредност.
Како дел од нашиот континуиран раст, го прошируваме тимот и бараме Специјалист за маркетинг кој ќе придонесе за развојот на брендот. Доколку се препознаваш во оваа можност, аплицирај и стани дел од Max. Bet тимот, деталите за позицијата следат во продолжение. Специјалист за маркетинг Скопје Клучни одговорности: Управување со landbasе активности: креирање на маркетинг планови за промотивни активности во комуникација со регионалните и реонските менаџери, следење на плановите и реализација на активностите, подготовка на POS материјали со тимот за дизајн, дистрибуција на локации, одржување, следење и проверка на состојбата на промотивни материјали, акции и активности.
Промотивни активности: Управување и надзор на односите со надворешни агенции (за креатива и продукција), партнерски компании и добавувачи со цел спроведување на активности кои се усогласени со стратегијата и целите на брендот, организација на настани - отворање на локали, промоции и други настани врз основа на маркетинг план.
Обука и следење на работата на ангажираните надворешни соработници (супервизори, хостеси) во спроведувањето на договорените активности. Спонзорства: Комуникација со клубови, турнири и организации на ниво на локални заедници и следење и спроведување на активности поврзани со договорените спонзорства. Идентификација на потенцијални партнери, преговарање за условите поврзани со нови спонзорства и одржување на односите со постоечките партнери, се со цел зајакнување на присуството на Брендот.
Мултифункционална соработка: Соработка со интерните тимови (финансии, операции, HR, итн.); создавање содржина во соработка со дизајнерот. Работа на терен: посета на локалите и предлагање активности за подобрување на работата во договор со менаџерите и Регионалниот директор. Анализа на пазарот: истражување и анализа на активностите на конкурентите.
Следење на позицијата на брендот во однос на конкуренцијата и предлози за подобрување и зајакнување на присуството на брендот и нови промотивни активности за локациите. Следење на перформансите: Помага при собирање и анализа на податоци за перформансите на кампањата и продажбата. Комуникација и поддршка: Обезбедува поддршка за повисокото ниво на менаџери, комуницира со тимот и трговските партнери и ги решава основните прашања и предизвици.
Административни задачи: Управување со административни задачи како што се креирање извештаи, ажурирање бази на податоци и организирање состаноци. Zahtevi Потребни квалификации: Диплома од областа на општествените науки ќе се смета за предност Докажано искуство (минимум 1 година) во маркетинг, со фокус на успешен развој и имплементација на стратегии и кампањи на брендот.
Активен возач. Силни вештини за тимска работа, со способност да ги инспирира и мотивира тимовите за постигнување на заедничките цели. Одлични комуникациски и презентациски вештини, вештини за управување со проекти. Познавање на трендовите во индустријата и однесувањето на потрошувачите. Pogodnosti Што нудиме: Поддршка за спортски активности Дополнителни слободни денови за одмор Слободен ден за роденден Работа од дома и флексибилно работно време Подароци за празници и важни моменти Работа во меѓународна Групација водечка во индустријата Можности за реализација на твоите идеји, иницијатива и креативност Поддршка уште од првиот ден Тим што расте заедно и го слави секој успех Во Max.
Bet добиваш простор да бидеш свој, да напредуваш и да го живееш својот MAX потенцијал.
Description copied from MaxBet's careers page. Read the full posting before you apply.
More jobs at MaxBet
Operater na uplatnom mjestu
MaxBet· Bratunac, Republic of Srpska, Bosnia and HerzegovinaOperater na uplatnom mjestu
MaxBet· Derventa, Republic of Srpska, Bosnia and HerzegovinaKuvar
MaxBet· Banja Luka, Republic of Srpska, Bosnia and HerzegovinaOperater u slot klubu
MaxBet· Tuzla, Tuzla Commune, Bosnia and HerzegovinaReward Director
MaxBet· Beograd, Srbija, Serbia