Администратор На Инфо Пулт
Job description
EAST GATE MALL, дел од групацијата Балфин, е најголемиот шопинг центар во земјата, кој со уникатниот концепт и дизајн ги исполнува сите светски стандарди за квалитетен шопинг. Распространет на 160.000 м2, нуди шопинг и забава за сите возрасти и за сите вкусови. Ист Гејт Мол е дел од првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк.
Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење. Со цел зајакнување на секторот за оперативно работење, објавуваме оглас за вработување на АДМИНИСТРАТОР НА ИНФО ПУЛТ Одговорности и работни задачи: Одговарање на прашања на клиентите и посетителите; Одговарање, проверка и препраќање телефонски повици на професионален начин; Одговарање на информациите побарани преку е-пошта; Помагање на клиентите и посетителите со информации за локациите; Насочување на протокот на информации потребни за да стигнат до наменетите примачи; Изложување рекламен материјал за тековните маркетинг кампањи на инфо пултот; Примање и проактивно решавање на проблемите и жалбите на посетителите доколку можат веднаш да се решат и соодветно ескалирање кон одговорните лица; Промовирање безбедна атмосфера во објектот со пријавување сомнителни лица на обезбедувањето; Дополна на паркоматите со монети и банкноти за соодветно функционирање на системот за наплата на паркинг системот; Уплата на дневниот промет во банка на дневна основа; Водење благајна за монетите и банкнотите за системот за наплата на паркинг.
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини: Средна или висока стручна подготовка; Претходно работно искуство на иста или слична позиција; Одлично познавање Microsoft Office пакет; Одлично познавање на англиски јазик; Способност за препознавање и асистирање на потребите на клиентите; Потребни општи работни компетенции/способности и вештини: Одговорност и ориентираност кон резултати Развиено чувство за работна етика Ориентираност кон посетители/клиенти Способност за самостојна и тимска работа Силни организациски и интерперсонални вештини Силни комуникациски вештини Што нудиме: Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски Работно време: сменско, 40 часа неделно Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 14.09.2026 .
Description copied from East Gate Mall's careers page. Read the full posting before you apply.
