Rent-a car Representative

Skopje, MKFull-timePosted Jul 24, 2026

Job description

Во име на нашиот клиент, Hertz, водечки светски бренд во индустријата за rent-a-car услуги, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

  • Rent-a car Representative ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
  • Одговорен за изготвување на договорот за изнајмување, проверка на потребните документи за изнајмување на возилото и обезбедување на начинот на плаќање (готовина или кредитна картичка). Врши предавање на возилото на клиентот заедно со целата неопходна документација за непречено користење;
  • Се грижи за клиентот во текот на периодот на изнајмување и одржува континуирана комуникација за идни резервации;
  • Одговорен за проверка на состојбата на возилото при неговото враќање, вклучувајќи проверка за евентуални оштетувања, изгубени документи и нивото на гориво, како и за наплата на соодветните трошоци;
  • Должен е да ги проверува возилата пред и по изнајмувањето и да пријавува какви било промени во однос на нивната претходна состојба;
  • Обезбедува секоја резервација да се реализира точно во предвиденото време, со возило што е целосно функционално и подготвено за изнајмување;
  • Обезбедува клиентите секогаш да бидат целосно информирани за условите и цените на изнајмувањето, со цел да се спречат евентуални поплаки и недоразбирања поради недостиг на информации. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усмено); познавањето на дополнителни јазици се смета за предност;
  • Изразени комуникациски и меѓучовечки вештини;
  • Основни компјутерски вештини за работа со системи за резервации и процесирање на плаќања;
  • Завршено средно образование или еквивалент (диплома од областа на туризмот или бизнисот претставува предност);
  • Подготвеност за работа во смени, вклучувајќи викенди и празници;
  • Прецизност и внимание кон деталите. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: job.arbeit.mk@dekra.com, со назнака за позицијата за која што аплицираат. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. *Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Description copied from DEKRA Macedonia's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at DEKRA Macedonia

See all openings at DEKRA Macedonia

More jobs in Skopje