Junior Product Group Specialist (Јуниор специјалист за група на производ)

Skopje, MKFull-timeEntry levelPosted Nov 3, 2026

Job description

М Сан Дистрибуција е дел од М Сан Група, најголемиот регионален дистрибутер на компјутерска опрема и компјутерска електроника. Низ широко портфолио на производи и технолошки решенија, како и долгогодишна соработка со водечките светски производители, градиме силна мрежа на бизнис партнери и пружаме поддршка на нивниот развој.

📍Вангел Нечевски 43, Скопје Како специјалист за група производи, ќе соработуваш со нашиот успешен тим во ИТ и Enterprise сегментот од нашето портфолио, ќе ги утврдуваш потребите на нашите бизнис партнери и и да обезбедуваш продажба на производите на крајните купувачи преку квалитетни презентации, сопственото знаење и секојдневната комуникација со партнерите.

Критериумите за оценување на твојата работна успешност ќе вклучуваат остварување на планираните продажни цели, бројот на нови деловни партнери, одржување на постојните партнерства, како и задоволството на купувачите и партнерите. Главни одговорности : Следење на пазарните трендови, конкуренцијата и новостите во областа на производите, како и препознавање на потенцијални деловни можности.

Обезбедување поддршка во развојот на бизнисот со постојните и потенцијалните партнери и добавувачи. Учество во планирањето и спроведувањето на продажните и маркетинг активности. Подготовка на понуди, ценовници и продажна документација, како и координација на нарачките. Учество во активностите за набавка и следење на залихи на производите.

Следење на продажните резултати, реализација на плановите и подготовка на извештаи. Учество во пласирањето на нови производи и брендови на пазарот. Обезбедување поддршка при организација и спроведување на обуки за продажниот персонал и партнерите. Соработка со тимовите за продажба, маркетинг и набавка при спроведувањето на деловните активности.

Извршување оперативни и административни задачи во рамките на работните обврски. Континуирано стручно усовршување и надградување на знаењата во областа на работењето. Од кандидатот бараме : Завршено средно, вишо или високо образование од областа на економијата, информатиката или сродни области. Минимум 1–3 години работно искуство во продажба или набавка.

Развиени комуникациски и преговарачки вештини. Самостојност, одговорност и прецизност во работата. Активно познавање на англискиот јазик. Нудиме : Приватно здравствено осигурување. Колективно осигурување од повреди при работа, кое важи за време и надвор од работното време. Поволности при купување на производите што ги дистрибуира компанијата.

Можност за стручно усовршување во областа преку платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување соодветни вештини и знаења, со можност за континуирана едукација. Работа во професионална работна средина и тим кој е секогаш подготвен да пружи поддршка. Работа во рамките на интернационална групација, во динамична работна средина исполнета со нови предизвици, со можност за стекнување нови искуства и вештини.

Можност за надградување и напредување во рамките на компанијата.

Description copied from M San Grupa's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at M San Grupa

See all openings at M San Grupa

More jobs in Skopje