Product Group Specialist (Специјалист за група на производ)

Skopje, MKFull-timePosted Nov 3, 2026

Job description

М Сан Дистрибуција е дел од М Сан Група, најголемиот регионален дистрибутер на компјутерска опрема и компјутерска електроника. Низ широко портфолио на производи и технолошки решенија, како и долгогодишна соработка со водечките светски производители, градиме силна мрежа на бизнис партнери и пружаме поддршка на нивниот развој.

📍Вангел Нечевски 43, Скопје Како специјалист за група производи, ќе соработуваш со нашиот успешен тим во ИТ и Enterprise сегментот од нашето портфолио, ќе ги утврдуваш потребите на нашите бизнис партнери и и да обезбедуваш продажба на производите на крајните купувачи преку квалитетни презентации, сопственото знаење и секојдневната комуникација со партнерите.

Критериумите за оценување на твојата работна успешност ќе вклучуваат остварување на планираните продажни цели, бројот на нови деловни партнери, одржување на постојните партнерства, како и задоволството на купувачите и партнерите. Главни одговорности : Планирање, развој и управување со доделената група производи во согласност со деловната стратегија на компанијата.

Остварување на продажните и профитните цели, како и следење и анализа на деловните резултати. Активно следење на пазарните трендови, конкуренцијата и потребите на пазарот, како и идентификување нови деловни можности. Развивање на соработката со постојните партнери и добавувачи, како и пронаоѓање и воспоставување соработка со нови партнери.

Учество во преговори со добавувачите и развој на нови дистрибутивни партнерства, во согласност со стратегијата за комерцијален развој на компанијата. Планирање и спроведување на продажни и маркетинг активности, вклучувајќи промотивни кампањи и активности за унапредување на продажбата. Управување со ценовната политика, формирање на цените и позиционирање на производите на пазарот.

Координација на процесите за набавка, планирање на потребите и управување со залихите со цел оптимизација на работењето. Учество во креирањето стратегија за развој на нови производи и брендови, како и нивно воведување на пазарот. Организација и спроведување обуки за продажниот персонал и партнерите, со цел унапредување на познавањето на производите и подобрување на продажните резултати.

Анализа на реализацијата на деловните планови, подготовка на извештаи и предлагање мерки за унапредување на работењето. Координација на активностите со тимовите за продажба, маркетинг и другите релевантни организациски единици. Од кандидатот бараме : Завршено вишо или високо образование од областа на економијата, информатиката или сродни области.

Минимум 5 години работно искуство во продажба или набавка. Развиени комуникациски и преговарачки вештини. Напредно познавање на работа со компјутер и деловни апликации. Самостојност, одговорност и прецизност во работата. Активно познавање на англискиот јазик. Нудиме : Приватно здравствено осигурување. Колективно осигурување од повреди при работа, кое важи за време и надвор од работното време.

Поволности при купување на производите што ги дистрибуира компанијата. Можност за стручно усовршување во областа преку платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување соодветни вештини и знаења, со можност за континуирана едукација. Работа во професионална работна средина и тим кој е секогаш подготвен да пружи поддршка.

Работа во рамките на интернационална групација, во динамична работна средина исполнета со нови предизвици, со можност за стекнување нови искуства и вештини. Можност за надградување и напредување во рамките на компанијата.

Description copied from M San Grupa's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at M San Grupa

See all openings at M San Grupa

More jobs in Skopje