Продукт Менаџер (Бела Техника)

Скопје, MKFull-timePosted Sep 24, 2026

Job description

Нептун Македонија бара проактивен, амбициозен и стратешки ориентиран професионалец кој ќе ја води и развива категоријата бела техника, со фокус на раст, профитабилност и извонредно корисничко искуство. Во потрага сме по ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (категорија: Бела техника) Вашата улога Како Продукт менаџер, ќе имате клучна улога во обликувањето на понудата што секојдневно ја избираат илјадници купувачи.

Ќе бидете одговорни за: Следење и анализа на пазарните трендови, конкуренцијата и потребите на потрошувачите Креирање и имплементација на стратегија за развој на категоријата Управување со портфолиото на производи низ целиот нивен животен циклус Преговарање и градење долгорочни партнерства со добавувачи Планирање и реализација на продажни и финансиски цели Оптимизација на залихите, профитабилноста и пазарниот удел Соработка со маркетинг, продажба и останати интерни тимови за успешна реализација на бизнис плановите Кого бараме?

Идеалниот кандидат поседува комбинација од аналитичко размислување, деловна ориентираност и страст за технологија. Доколку уживате во донесување одлуки базирани на податоци, успешно водите преговори и препознавате нови деловни можности, ова е вистинската улога за вас. Потребни квалификации Високо образование од областа на економските, техничките или сродни науки Најмалку 3 години работно искуство во набавка, продажба, product management или слична област Познавање на малопродажниот сектор, индустриските и пазарните трендови Одлично познавање на англиски јазик Напредно користење на MS Office пакетот, особено Excel Одлични комуникациски, аналитички и преговарачки вештини Способност за управување со повеќе приоритети и работа во динамична средина Проактивност, тимски дух и силна ориентација кон резултати Што нудиме?

✅ Конкурентна плата и атрактивен пакет бенефиции ✅ Можност да работите со водечки светски брендови ✅ Динамична и професионална работна средина ✅ Континуирани обуки и професионален развој ✅ Реални можности за кариерен напредок во компанија лидер на пазарот ✅ Тим кој ги вреднува иницијативата, иновативноста и резултатите Доколку сте подготвени да ја преземете следната голема кариера во светот на технологијата и малопродажбата, ве покануваме да аплицирате најдоцна до 05.

10.2026 година.

Description copied from Neptun Macedonia's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at Neptun Macedonia

See all openings at Neptun Macedonia