Хаусмајстор

Skopje, MKFull-timePosted Oct 28, 2026

Job description

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје , е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Вангел Нечевски 43 Визбегово, Скопје Што добивате: Конкурентна плата; Работни денови од понеделник до петок; Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време; Исплата на годишен регрес; Приватно здравствено осигурување; Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa; Работа во професионална средина; Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.

Одговорности на хаусмајсторот: Инсталација на работна опрема и уреди во деловни простории; Извршување на итни санации; Проверка на функционалноста на сигурносните уреди; Редовна инспекција на инсталациите во деловните простории; Монтажа на разни елементи кои придонесуваат за функционалноста на работниот простор; Соработка при реновирања; Навремено пријавување на дефекти; Редовно известување на непосредниот претпоставен за извршената работа.

Од кандидатот очекуваме: Стручност за работата којашто ја извршува (пожелно е познавање од областа на електротехника и машинство); Пожелно е претходно искуство; Познавање на работа со компјутери; Возачка дозвола Б категорија; Познавање на српско-хрватски јазик (усно и писмено); Организираност и точност; Педантност и одговорност за работниот простор.

Description copied from M San Grupa's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at M San Grupa

See all openings at M San Grupa

More jobs in Skopje