Дистрибутер/Возач (Ц Категорија)
Job description
Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје , е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
Го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по: Дистрибутер / Возач (Ц категорија) Што добивате: Конкурентна плата; Работни денови од понеделник до петок; Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време; Исплата на годишен регрес; Приватно здравствено осигурување; Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa; Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата; Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне; Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини; Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.
Одговорности на возачот: Извршување на транспорт на стока од добавувачот до Друштвото, според налог и во согласност со утврдените процедури; Извршување на достава на стока до партнери и крајни купувачи; Контрола на исправноста на документи за транспорт и/или достава на стока; Според упатствата на непосредниот надреден и во согласност со утврдена процедура, преземање на стока за поврат, сервис и стока издадена на реверс од партнерите, која се довезува во магацин на Друштвото.
Континуирано следење на техничката исправност на возилото и по потреба корективно дејствување (директно или пријавување до надлежното лице за одржување на возниот парк); Одржување на уредност и чистота на работните простории и возилата; Стручно усовршување во своето работно поле; Усвојување на постојните и поттикнување на развојот на нови алатки за поддршка на бизнис процесите во областа на одговорност.
Од кандидатот очекуваме: Посакувано е кандидатот да има искуство во превоз на техничка стока; Организираност и точност; Педантност и одговорност за стоката, Возачка дозвола од категории Б и Ц; Познавање на работа со компјутер.
Description copied from M San Grupa's careers page. Read the full posting before you apply.
More jobs at M San Grupa
Social Media Manager
M San Grupa· Buzin, HRProduct Group Specialist - Enterprise (m, ž)
M San Grupa· Sarajevo ili Banja Luka, BAReferent špedicije
M San Grupa· Beograd, RSAccount Manager – Potrošačka elektronika (m/ž)
M San Grupa· Zagreb, Buzin, CroatiaReferent gospodarenja otpadom (m/ž)
M San Grupa· Rugvica, HR
