Координатор на земјоделско производство

Skopje, MKFull-timePosted Jun 19, 2026

Job description

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата: Координатор на земјоделско производство ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс; Изработка на производствени планови и програми за развој; Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми; Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали); Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите; Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури; Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите; Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака; Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности; Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми; Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси; Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема; Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци; Контрола на здравствената состојба на насадите; Следење на реализацијата на планираните активности; Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни); Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот; Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност; Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност; Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок; Способност за решавање проблеми; Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот; Познавање на земјоделската пракса и технологија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.

arbeit.mk@dekra.com

Description copied from DEKRA Macedonia's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at DEKRA Macedonia

See all openings at DEKRA Macedonia

More jobs in Skopje