Директор на развој

Skopje, MKFull-timePosted Nov 26, 2025

Job description

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата: Директор на развој ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО Управување со процесите на проектирање, градба и технички надзор; Администрирање и следење на дозволи за градба и проектна документација; Координација со секторите за градба и контрола на договори и надзор; Координација во проекти и следење на статус на проекти; Предлагање и спроведување концепти за експанзија; Управување со процесите на набавка, одржување и сервисирање на опремата; Преговори, изнајмување објекти и координација на финализацијата на проектите; Подготовка и презентација на извештаи пред Управата за сите тековни проекти и развој на мрежата; Организација и избор на тимови за проектирање и следење на навремено доставување документација до институциите; Подготовка и организирање тендери за избор на главни изведувачи; Контрола на активности во градежништво, техничка набавка и управување со недвижности; Следење на административно-финансиските процеси на секторите под негова надлежност; Долгорочно планирање и развој на персоналот, како и организација на оперативни состаноци; Следење и контрола на годишните планови на заедничките служби; Надзор над техничко одржување на деловен простор, опрема и возен парк; Контрола на процеси за набавки на опрема, услуги и канцелариски материјали; Обезбедување на безбеден, организиран и функционален работен простор; Развивање, имплементирање и следење проекти поврзани со работењето на секторот.

КВАЛИФИКАЦИИ Завршено високо образование од областа на градежништво, машинство, електротехника, архитектура или економија/менаџмент; Минимум 10 години искуство нa иста или слична раководна позиција; Искуство во управување со повеќе тимови и координација на комплексни процеси; Одлично познавање на регулативата за градба, дозволи и техничка документација; Силни организациски и лидерски вештини, со способност за планирање, следење и контрола на повеќе проекти паралелно; Напредно користење на MS Office (Excel, Project) и работа со техничка и проектна документација.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на job.arbeit.mk@dekra.com Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.

arbeit.mk@dekra.com

Description copied from DEKRA Macedonia's careers page. Read the full posting before you apply.

More jobs at DEKRA Macedonia

See all openings at DEKRA Macedonia

More jobs in Skopje